По претставувањето во Софија

Изложбата „Таму” на Милчо Манчевски од петок во Бургас

Изложбата „Таму” на Милчо Манчевски по успешното претставување во Софија, в петок, на 15 октомври ќе биде поставена и во Бургас, во Центарот за современа уметност и библиотека и ќе биде достапна за публиката до 31 октомври. 

Реализацијата на оваа изложба е плод на успешна соработка меѓу Културно-информативниот центар на РСМ во Софија и Општина Бургас.

„ТАМУ го надградува и го проширува досегашниот опус на фотографски дела на Милчо Манчевски, УЛИЦА и ПЕТ КАПКИ СОН. Во овие проекти визуелната текстура на урбаниот живот се манифестира низ композициска и наративна игра, и овој динамичен и експериментален пристап кон создавање слики го обликува ТАМУ. Тргнувајќи од ‘Жена и зелен ѕид’ и ‘Црвен ѕид (Бруклин)’, две слики што се читаат речиси како ‘колор филд’ платна, ТАМУ нè води на патување што е исто толку за чинот на гледање колку и за искусувањето место. Како уметник кој работи и со филм и со фотографија, пристапот на Манчевски кон создавање слики постојано ги поместува границите и го избегнува конвенционалното. Неговото рано завлегување во концептуалната уметност продолжува да се отсликува во неговите дела во различни медиуми, а наследството на историската авангарда провејува низ многу од сликите поместени во ТАМУ”, пишува Конор Мекгрејди во предговорот во книгата „Таму”.

Милчо Манчевски е автор на филмовите „Пред дождот” (1994), „Прашина” (2001), „Сенки” (2007), „Мајки” (2010), „Бикини Мун” (2017) и „Врба” (2019), како и на кусометражните „Без наслов” (1982), „1.73” (1985), „Четврток” (2013), „Крајот на времето” (2017) и други.

Неговите филмови се дистрибуирани глобално и имаат освоено над 60 меѓународни награди, меѓу кои и Златен лав во Венеција (1994), Индипендент спирит (1996), Елен во Аспен (2017), Давид ди Донатело (1995), Алуминиумски коњ во Стокхолм (1994), номинација за Оскар (1995), Сребрен кондор во Аргентина (1997), Златна бубачка во Шведска (1995), ФИПРЕСЦИ (1994), ФЕДEОРА (2011) и Фантаспорто (2018 и 2020).

Автор е на книгите „Духот на мајка ми” (1997), „Вистина и прикаска: белешки за (исклучителната) верба во уметноста” (2012), „Слики, зборови и лаги” (2015), „Улица” (1999) и „Пет капки сон” (2011).

Самостојно и како основач на групата 1 АМ поставува арт перформанси во Скопје, Белград, Сплит и Бруклин.

Имал повеќе групни и две самостојни изложби на фотографии, „Улица” (1999) и „Пет капки сон” (2011) во Музејот на современата уметност, Скопје. Тие се потоа изложени и во Њујорк, Москва, Шангај, Стокхолм, Турција, Хрватска, Србија, Бугарија, Холандија, Италија, Јапонија, Романија, Полска, Грција, Франција, Доминиканска Република, Словенија итн.

Неговите дела се предаваат на неколку стотини универзитети.

 

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе