Изложба „Од уметничката ризница на Бигорскиот манастир“ во МАНУ

Изложбата „Од уметничката ризница на Бигорскиот манастир" в четврток, на пладне, ќе биде отворена во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите. Изложбата е по повод јубилејот 1.000 години од основањето на Бигорскиот манастир.

На изложбата ќе бидат презентирани дваесетина иконописни дела од ризницата на манастирот, како и дела од применетата и графичката уметност од депоата на музејските институции. Автор на изложбата и на каталогот е д-р Сашо Цветковски, научен советник во Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ.

На свеченото отворање на изложбата, како што е најавено, ќе се обратат претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев и архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г. г. Стефан. 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе