„Аголност на илузијата на пакетирањето“

Изложба на скулпторот Славчо Спировски во Њујорк

Македонскиот уметник по втор пат се претставува пред американската публика. 

 Во Македонскиот културен центар во Њујорк (Gallery MC) синоќа беше отворена самостојна изложба на скулпторот Славчо Спировски, насловена „Аголност на илузијата на пакетирањето", која е  второ претставување на уметникот пред американската публика.

Се работи за концептуално дело – просторна подно-ѕидна инсталација, специјално подготвена за овој галерискиот простор, односно преобликување на концептот за суштината на скулптурата како илузија за тридимензионалност.

На отворањето на изложбата настапи и пијанистот Симон Трпчески, кој со авторот соработува повеќе од 12 години.

Изложбата на Спировски во Њујорк е реализирана со поддршка од Министерство за култура  и ќе биде отворена за посетители до 25 јануари. 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе