Изложба на фосилни остатоци од слонови од пред 8 милиони години во Неготино

Палеонтолошка изложба на фосилни остатоци од слонови од пред 8 милиони години во Дисан, Неготинско, денеска беше отворена во Музејот на град Неготино. Публиката ќе може да ги погледне и фотографиите од досегашните истражувања на терен.

Организатор на изложбата е Музејот од Неготино во соработка со Природонаучниот музеј.

„На изложбата се поставени 40 професионални документарни фотографии во црно-бела техника од Александар Гаревски, од петгодишното истражување во село Долни Дисан, од страна на палеонтолозите од Природонаучен музеј на Македонија и палеонтолози од Природонаучен музеј од Софија, Република Бугарија. Освен фотографии, изложени се и предмети, односно коски, заби и слично од слонови-мастодонт, носорог, газела, мајмун и друго“, рече Драгица Чекорова, директорка на неготинската културна институција.

 На изложбата беа присутни претставници од Природонаучениот музеј, Билјана Гаревска – виш кустос, Билјана Карамачоска – кустос и Ивица Заркадов – лаборант од одделението за геологија и палеонтологија.

Гаревска појасни дека ова е прва тематска, палеонтолошка изложба во оваа општина, во која е претставено природното фосилно богатство од селото Долни Дисан.

„Сево ова има воспитно-образовен карактер, запознавање одблизу со една ретка фосилна мега фауна, карактеристична за Балканот. Фосилниот материјал е од пет различни видови на фосилни слонови кои првпат се среќаваат на еден ист локалитет, потоа носорози, џиновски мрзливци, антилопи, газели, мајмуни и друго“, нагласи Гаревска, изразувајќи посебна благодарност до општината и Музејот и особено до семејствата Ташеви и Нојкови, кои им биле поддршка на терен.

Изложбата е посветена на професорот Ристо Гаревски, кој поголемиот дел од својот живот го посвети токму на палеонтологијата и нејзиното афирмирање во светот на науката и културата.

Сите заинтересирани можат да ја видат оваа интересна група на фосилни цицачи, плод на шестгодишно истражување на реонот. 

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе