Во музејот во Кратово

Изложба на балкански народни носии

Во Музеј на град Кратово, синоќа беше отворена изложбата на традиционални балкански народни носии во организација на Општина Кратово и ансамбл „Македонија" од Скопје. На изложбата беа претставени традиционални народни носии од Балканот од крајот XIX и почеток на XX век, класифицирани според социјалниот статус, од повеќе места од Хрватска,Косово, Сбија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Б угарија.

Изложбата ја отвори градоначалникот на Кратово Тодорче Николовски кој во своето обраќање изјави дека културните збиднувања се многу важен елемент од општественото живеење, затоа тие завземаат значаен дел од неговата програма за работа, бидејќи се нужно потребни за градот.

„На Кратово како жив музеј му прилегаат вакви настани, затоа силно го поддржуваме во интерес на збогатен културен живот на нашите граѓани“, рече Николовски.

На изложбата со вокални изведби од Посавина – Хрватска се претставија и уметниците на ансамблот „Македонија“ од Скопје.

„Идентитетот на еден народ се темели на фолклорот, традицијата, песната, орото, носијата. Вечерва имаме ретка можност да ги претставиме балканските народи преку нивната носија прикажани на оваа ревија овде во градот на кулите и мостовите што за нас претставува вистинско задоволство. Оваа изложба е дел од Меѓународната ревија на народни носии, проект, поддржана од Министерството за култура“, изјави д-р Владимир Јаневски, редовен професор на катедрата за етнокореологија на музичката академија во Штип и менаџер на ансамблот „Македонија“.

Изложбата е отворена за посетители до 30 ноември.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе