Изложба „15 години“ во Музејот на македонската борба

Во Музејот на македонската борба за самостојност утре, 5 октомври, со почеток во 19 часот, свечено ќе биде отворена изложбата „15 години“ на Истори­скиот музеј на Босна и Херцеговина, а во наредните триесетина дена македонската публика ќе има можност да ги види фотографиите на Џим Маршал чиј фокус е Сараево во временскиот период 1996/2011.

Изложбата е дел од годишната програма на Министерството за култура, а на отворањето ќе се обратат директорките на двете институции, Даниела Николова и Елма Хашимбеговиќ, како и вршителот на работите во Амбасадата на Босна и Херцеговина, Јасмин Гагула.

Отворањето на изложбата е дел од манифестацијата „Бела ноќ“, на кое специјален музички настап ќе има Дуња Иванова со нејзината програма „Слушаме во црно-бело“.

 

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе