Во издание на „Матица македонска“

Излезе од печат поетската книга „Ништо не е конечно“ од Јован Стрезовски

Во издание на „Матица македонска" од Скопје, излезе од печат поетската книга „Ништо не е конечно" од македонскиот поет, романсиер и раскажуач, Јован Стрезовски. На страниците од своето најново дело познатиот писател застапува седумдесет песни, во кои го воспева животот, ја слави убавината на природата и како прекален мудрец поставува прашања за бурните патешествија на човекот на нашето време.

Јован Стрезовски (Подгорци,Струшко,1931) е автор на богат поетски и прозен опус ,за кој е добитник на национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на наградите „11 Октомври" и „Ацо Шопов". Негови дела се преведени на повеќе странски јазици, а според сценарио на романот „Вода" е снимен еден најдобрите филмови на режисерот Бранко Гапо.

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе