Излезе од печат четвртиот том од едицијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип"

Излезе од печат четвртиот том од едицијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип", најново дело на стрип-хроничарот Александар Стеванов од Штип. Со неа авторот ја продолжува својата мисија за прибележување на историјата на деветтата уметност на македонско тло, овојпат обработувајќи го периодот 2012-2015 година, во кој македонската стрип-ренесанса ја достигнува својата кулминативна точка.

Исто како и претходните, и оваа четврта „Визуелна хроника на македонскиот стрип" е едно особено патување низ кратката, но бурна и богата историја на домашната стрип-сцена, истакнува рецензентот Сашо Гачев и додава дека е тоа совршен баланс на инфoрмација, популарно напишан текст поткрепен со академско референцирање, и придружен од стотина илустрации и цитати.

„Визуелна хроника на македонскиот стрип" 2012-2015" е со формат А4, а на нејзините 60 страници во боја се презентирани преку 250 хронолошки единици – албуми, фестивали, работилници, изложби – прошарани со стотина илустрации и цитати. Објавувањето на публикацијата е поддржано од Министерството за култура, како проект од национален интерес во културата од областа на издавачката дејност за 2022 година

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе