Исмаили: Националните институциите од областа на културата со онлајн програма

Со цел олеснување на мерките и препораките на Владата против ширењето на корона вирусот националните установи од областа на културата  од минатата недела започнаа со емитување онлајн програма со што активно даваат свој придонес публиката и пошироката јавност да останат дома, следејќи ги нивните програмски содржини, информира преку видеопорака министерот за култура Хусни Исмаили.

Исмаили рече дека на јутјуб каналите  на МНТ, Театарот Комедија, кумановскиот театар, Народниот театар од Охрид  веќе се емтиуваат претстави  на репертоарот од овие установи, додека Татарот за деца и младинци ќе емитува дел од своите претстави секоја недела во 12 часот на МРТВ.

Националната галерија чии три објекти  се затворени за посетителите, за љубителите на уметноста овозможува на интернет да ја видат јубилејната изложба по повод 70 години постоење на институцијата, а пак нивниот фејсбук профил постојано постира дел на наши еминетни уметници, како и информации за авторите и нивните дела.

Како дел од светската кампања на музеи, галерии, уметнички простор за емитување онлајн видео и сликови содржини Археолошкиот музеј ја продолжи комуникацијата со јавноста, објавувајќи едукативни видеа со аудио и знаковен јазик. Видеата кои се само еден дел од првиот реализиран чекор од проектот „Пристапен музеј“ кој е поддржан од балканската музејска мрежа и нуди можност за јавноста на виртуелна посета на ексклузивна интернационална изложба 100 години Требениште.

Националната установа Музеј на современа борба за самостојност е затворен за посета, но ја продлжува својата комуникација со посетителите преку каналите на социјалните мрежи, фејсбук и гугл бизнис и тоа со интерактивната 3Д веб сцена посветена на аферата Мис Стон, а со презентација на инклузивниот водич „Минато на дланка“ и музејските приказни со цел едукација за културното историско наследство.

Музејот на РСМ на својата веб страница и фејсбук профил  прикажува етнолошки документарни  филмови во продукција на музејот.

Филхармонија започна со емитување на дел од своите симфониски концерти и концерти за деца на јутјуб каналот и на социјалните мрежи, а љубителите на македонскиот музејски сценски фолклор секоја сабота на јутјуб каналот на НУ Танец може да ги следат сите концерти од минатогодишната јубилејна сезона што се одвиваше под мотото „Остани во чекор“.

„Ова е само мал дел од активностите на националните установи кои граѓаните може да ги проследат додека се во своите домови“, вели Исмаили и додава дека вториот канал на Македонската телевизија ќе емитува театарски претстави на албански јазик секој вторник во 20:30 часот и секоја недела во 20 часот.

„Ве повикувам да ги почитувате препораките на Владата, останете дома и следете културни содржини“, порачува Исмаили.

 

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе