Анкета пред изборите: Културата не е во центарот на вниманието

ИНАКУ: Половина од граѓаните само еднаш или два пати годишно одат на културен настан

Во пресрет на локалните избори, а во рамките на своите редовни и тековни истражувачки активности, Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ од Скопје спроведе анонимна анкета со 1.220 испитаници на тема културните потреби и културната потрошувачка во локалните средини. Од анкетата прозлезе заклучокот дека културата, за жал, не е секогаш во центарот на вниманието и на неопходното ниво, наведува Институтот и дава податок: 20,1% од граѓаните во текот на цела година еднаш биле на културен настан, а 43,5% само два пати.

ИНАКУ наведува дека 10% од испитаниците беа на возраст од 18-25 години, 18,7% од 26-35 години, 23,9% од 36-45 години, 17,7% од 46-55 години и 29,7% над 56 години. Од нив 58,9% беа од женски пол, а 31,1% од машки пол. 1% беа ученици, 2,4% студенти, 7,2% невработени, 61,2% вработени, 28,2% пензионери.

Во анкетата, 7,2% одговорија дека воопшто не посетиле програми во културата во текот на целата година, а 20,1% дека тоа го направиле само еднаш годишно. Додека пак, 43,5% дека тоа го прават два пати годишно, 20,6% еднаш месечно, а 8,6% неделно.

Во однос на културната понуда, 15,8% се задоволни од понудата и велат дека е таа добра, 22,4% просечна, 19,6 лоша, а дури 42,2 одговиле дека не можат да ја оценат програмата.

Од испитаниците 61,7 % оценуваат дека недостасуваат театарски претстави и тоа на отворено, 45,9% филмски проекции, 20,1% изложби, 16,3% презентација на традиционални вредности (музејски артефакти и слично), 12,4% настапи на културно-уметнички друштва, 9,1% литературни манифестации, 33,5% конвецти на забавна музика, 15,3% концерти на класична музика, 45,2% концерти на народна музика, 60,8% хумор и сатира и слично.

На прашањето како се информирате за културните настани и програми, 56,5% одговориле дека добиваат информации преку социјалните мрежи, 20,2% преку електронските медиуми, 10,2% преку печатените медиуми, 8,8% преку роднини и пријатели и 4,3 % на друг начин (пораки преку телефон, плакати, флаери, огл Културните потреби како и нивното задоволување можат да бидат подобри, а на тој начин, ќе се постигне долгорочен и одржлив културен развој, со стимулација и поддршка и на независната култура и современите нови медиуми и уметнички и културни придобивки.

Културата и уметноста се подложни на постојани искушенија и предизвици, падови и растежи, и според испитаниците - евидентен е дисконтинуитетот и кампањското работење и однесување.

Граѓаните очекуваат по локалните избори, во сите локални средини културата и уметноста да бидат повеќе застапени и издигнати на повисоко културно и уметничко рамниште, со цел населението да консумира поквалитетни, поразновидни и посодржајни духовни, културни и уметнички вредности и содржини, информира Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе