Министерството за култура информира дека Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“, согласно законските одредби и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе одлука наградата за 2021 година да им се додели на луѓе кои дале свој придонес во унапредувањето на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање на припадниците на различните заедници, култури и вери во земјава.
Наградата ќе биде врачена на 22 ноември во 12 часот, во Собранието на Македонија.