„И јас сум тука“, изложба на фотопортрети на лица со посебни потреби

Изложба на фотопортрети „И јас сум тука“, ќе биде отворена денеска во 19 часот во холот на Кинотеката, најави Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“.

Во изложбата се вклучени фотографии на 20 лица со посебни потреби од повеќе градови од државата на различна возраст, а портретите се придружени и од приказни посветени на нив.

Целта на изложбата на 20 фотопортрети е да се подигне свеста за лицата со посебни потреби. Автор на фотографиите е Тоше Огњанов, а на приказните Сребра Ѓорѓијевска.

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе