По повод Меѓународниот ден за заштита на човековите права

Хуманитарна изложба „5 минути до 12"

Во Галеријата при МКЦ ќе биде отворена изложба и продажба на уметнички слики, донирани од македонски сликари.

По повод Меѓународниот ден за заштита на човековите права – 10 декември и Меѓународниот ден на УНИЦЕФ за заштита на децата – 11 декември денеска во Галеријата при МКЦ ќе биде отворена хуманитарната ликовна изложба симболично насловена „5 минути до 12".

Организатор на донаторската изложба е Центарот за помош, поддршка и застапување на притворени и осудени лица. Се работи за изложба и продажба на уметнички слики, донирани од македонски сликари.

– Паричните средства собрани од овој настан ќе ги употребиме за купување новогодишни подароци за деца чии родители се во притвор или на издржување казна затвор, но и за подобрување на условите во затворите, соопшти организаторот.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе