47. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

Гран при за КУД „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце, а „Гајдата на Пеце“ за Филип Арилон од Велес

Машкото вокално трио од Културно-уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце е добитник на Гран при наградата за најдобра изведба на 47. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ што заврши синоќа на Рудина, Долнени. Гајдата на Пеце за најдобар гајдаџија ја доби Филип Арилон од Велес.

Според жирито, етномузиколози, д-р Родна Величковска и м-р Стојанче Костов од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје и д-р Горанчо Ангелов од Музичката академија при универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, машкото вокално трио од КУД „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце многу успешно го претставува посебното гласоечко пеење од долно-полошкиот регион кое е заштитено од УНЕСКО како нематеријално културно наследство. Младиот гајдаџија Филип Арилон успешно ги пренесе звуците на гајдата, покажувајќи ја умешноста на свирењето на овој народен инструмент.

На Фестивалот се доделени и 10 специјални награди-статуетки за успешно негување на изворниот мелос од групи и поединци.

47. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ се одржуваше на 2 и 3 јули во Прилеп и на Рудина, Долнени, а годинава учествуваа околу 320 изведувачи, групи и поединци, од сите краишта на земјава. За првпат по 25 години на Фестивалот одекнаа звуците на оригиналната гајда на основачот и големиот уметник Пеце Атанасовски. Се одржаа и онлајн Семинар за изучување на народните инструменти и песни со 12 млади учесници од Кочанско и Прилепско и Симпозиум на тема „Фолклорот во минатото и денес“ со еминентни етномузиколози, а е издаден и Зборник на трудови од фолклористиката.

Фестивалот се одржува под покровителство на Министерството за култура и со поддршка на општините Прилеп и Долнени.

МИА

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе