„Господ постои, името ѝ е Петрунија“, победник на Филмскиот фестивал во Херцег Нови

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар Митевска ја доби главната наградата „Златна мимоза“ за најдобар филм на штотуку завршениот Филмски фестивал во црногорскиот град Херцег Нови, соопшти денеска продукцијата „Сестри и брат Митевски“.

Оваа десетта награда во низа за овој филм ја додели петчлено жири во состав Дуња Клеменц, продуцент од Словенија, Винко Брешан, режисер од Хрватска, македонскиот  актер Никола Ристановски, Јелена Мишељиќ, продуцент од Црна Гора и српскиот режисер Никола Ључа.

Во образложението на наградата жирито оценува дека „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ претставува „политичко провокативната модерна бајка, која одекнува, боли и засмејува“.

Продукцијата „Сестри и брат Митевски“ информира дека во текот на август филмот ќе биде прикажан на седум фестивали ширум светот, меѓу кои и Филмскиот фестивал во Мелбурн, Меѓународниот филмски фестивал „Исток и Запад“ во Русија, на отворањето на Фестивалот „Меѓународен женски филм“ во Сеул, на Сараевскиот филмски фестивал, како и на Венецијанскиот филмски фестивал, каде ќе биде емитуван како еден од трите кандидати за престижната награда на Европскиот парламент, „Лукс“.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе