„Господ постои, името и е Петрунија“ најдобар европски филм, одлучија арапските филмски критичари

„Господ постои, името и е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска е прогласен за најдобар европски филм во изборот на арапските критичари, соопштија Европската филмска промоција (ЕФП) и Арапскиот филмски центар.

„Апсолутно сме воодушевени што првата награда од арапските критичари ја доби филм во режија на жена, со еднакво извонредна главна женска улога. Неговата силна порака која се залага за еднакви права за жените е универзална“, изјави претседателката на ЕФП и директорка на Чешкиот филмски центар, Маркета Сантрохова.

Агенција за филм на Република Северна Македонија информираше дека изборот на најдобриот европски филм од 24 пријавени филмови од цела Европа, го извршиле 42 филмски критичари од 13 арапски земји.

„Наградата има за цел да ја промовира европската кинематографија во арапскиот свет и да го насочи интересот на дистрибутерите и клучните играчи во индустријата кон квалитетни европски филмови, истовремено ставајќи ги во фокус истакнатите филмски критичари од голем број на арапски земји и нивната исклучителна улога во отворањето на нови перспективи и премостувањето на културните разлики“, додаваат од Агенцијата.

Наградата ѝ беше врачена на Лабина Митевска, продуцентка на филмот, која има и една од водечките улоги во филмот, од страна на претставници од ЕФП, Арапскиот филмски центар и директорот на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, каде се одвиваше и самото доделување на наградата.

Ова е само уште една во низата награди на „Господ постои, името и е Петрунија“, кој што своја светска премиера имаше на Берлинскиот филмски фестивал во официјалната селекција, а досега е дистрибуиран во 28 земји ширум светот и прикажан на 74 филмски фестивали со 23 освоени награди, вбројувајќи се во еден од најуспешните македонски филмови досега.

„Господ постои, името и е Петрунија“ е еден од трите европски филмови во официјалната селекција за престижната награда на Европскиот парламент – ЛУКС. Како еден од трите финалисти, филмот беше преведен на сите 24 јазици кои се зборуваат во ЕУ.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе