Гала оперски концерт и „Болеро“ вечерва во Националната опера и балет

Во Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе се одржи ексклузивен оперски гала концерт, со солистите Весна Ѓиновска Илкова (сопран), Катерина Стојановска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор) и Владимир Саздовски (бас), во придружба на оркестарот при НОБ, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Во вториот дел, публиката ќе може да го проследи балетот „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, подготвена во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца, а настапува Женски балетски ансамбл, Катерина Стојановска – сопран и Оркестарот на Националната опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска, концерт мајстор Верица Ламбевска, кореограф Саша Евтимова, а светло дизајн Милчо Александров.

Според најавите од НОБ, настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска, а влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.

МОН најавува реформи во образовниот систем. Се разбира, реформите ги чекаме со нетрпение, но во насока на суштински измени, а не избрзани одлуки, копирање туѓи идеи и нивно вадење од контекст неприменлив во нашата средина, како и повторно експериментирање со децата.

повеќе

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе