Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“ подари 500 книги „Како да станам свој“

Во чест на 100-годишнината од раѓањето на втемелувачот на македонскиот литературен јазик, фондацијата „Д-р Михаил Левенски" реализираше неколкудневен проект во кој беа опфатени основните училиштата со име „Блаже Конески" во Македонија.

„Д-р Левенски, низ збор и дела настојуваше да се поддржат и поттикнат младите, со цел да се придонесе да го бараат и најдат своето место и да го препознаат, вреднуваат и надградуваат своето „сè“.  Овие книги се негов аманет и со голема радост и гордост ги даруваме. Со овој дар изразуваме почит и кон наставниот кадар и вработените во училиштата, за нивните заложби за едукација и градење здрава младина којашто понатаму ќе инспирира, мотивира и создава, негувајќи го литературниот македонски јазик и продолжувајќи го името и делото на својот патрон, Блаже Конески“, изјави претседателот на фондацијата, Никола Левенски Миљаниќ, кој заедно со актерката Драгана Левенска и други членови на фондацијата, го осмисли и реализираше проектот.

Фондацијата изрази благодарност за  препознавање на вредноста на проектот и сесердната поддршка до директорите на основните училишта: Ангелка Баракоска – ОУ „Блаже Конески“ во Прилеп; Сузана Настовска – ОУ „Блаже Конески“ во Скопје;  Јованче Манасков – ОУ „Блаже Конески“ во Велес и Зурат Куртовски – ОУ „Блаже Конески“ во село Скудриње, Општина Маврово-Ростуше.

Училишните библиотеки и сите полуматуранти од основните училишта „Блаже Конески“ во Велес, Скудриње, Прилеп и Скопје, добија вкупно 500 примероци од книгата „Како да станам свој“ од областа на психопедагогија, која д-р Михаил Левенски ја посвети токму на младите.

Д-р Михаил Левенски (1942-2010), психијатар и писател, поет, раскажувач и драматург. Автор е на голем број литературни дела, радио и ТВ драми и сценарија за филмови како и на книгата „Како да станам свој“ – посветена на младите за себеизградување, мотивација и себереализација.

Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“ е основана во 2012 година од неговото семејство,  продолжува да делува на полето на „човекољубие и природољубие“, под слоганот „Инспирирај, мотивирај, создавај“!

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе