петок, 26 април 2024

Филмови од македонски млади авторки во Загреб

Објавено на

часот

Сподели

Хрватската публика ќе може да ги види филмовите „Северен пол“ на Марија Апчевска, „Награда“ на Лидија Мојсовска, „Ќе се вратат децата“ на Ана Јакимска, „Малина“ на Анастасија Лазарова Пилинг и „Зелени ѕидови, црна храна“ на Сандра Ѓорѓиева.

Организатор е Културниот центар на Република Северна Македонија во Загреб.

„Во избраните, четири играни и еден документарен филм, младите авторки одважно и храбро се зафаќаат да третираат деликатни социјални и културни превирања кои мапираат промени во реакциите кај публиката. Со освежени режисерски концепти, овие филмови заслужено беа присутни на голем број меѓународни филмски фестивали“, соопшти организаторот.

Веднаш по проекцијата присутните ќе имаат можност да поставуваат прашања во присуство на селекторката Теодосиевска и режисерките Ана Јакимска и Сандра Ѓорѓиева.

Настанот е поддржан од Министерството за култура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ