Битола

Фестивалот „Интерфест“ додели постхумно признание за Благоја Стефановски-Баге

Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ додели постхумно признание и благодарница на Благоја Стефановски-Баге, еден од втемелувачите на фестивалот кој пред 30 години првпат се одржа во Битола.

„Благоја Стефановски-Баге се смета за најголем поттикнувач на идејата за востановување на „Интерфест“ и долгогодишен поддржувач на културниот настан кој на едно место, во Битола ги собира познатите уметници од класичната музика од сите страни на светот“, посочи директорката на фестивалот Милица Шперовиќ Рибарски, која признанието го врачи на неговиот син, Бојан Стефановски.

На истоимената сцена во Битолскиот театар, „Интерфест“ додели признание и на градоначалничката Наташа Петровска за која, како што рече Шперовиќ Рибарски, се заслугите што успеа да се реновира Офицерскиот дом во Битола, објект во кој се наоѓа една од најубавите и најакустичните сали за концерти на класична музика.

Јубилејното 30. издание на „Интерфест“ синоќа почна со импресивна изведба на операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало под диригентстката палка на Бисера Чадловска, а продолжува вечер со концерт на дуо пијано Маурицио Матарезе и Карла Авентаџиато од Италија кои ќе изведат дела од Дебиси, Равел и Форе. мт/мд/

2021-10-03 10:20:01, од Марјан Танушевски, Битола

 

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе