Фестивал на современ грчки филм и култура од 24 до 28 октомври во Скопје

Шест долгометражни грчки играни и документарни филмови и ексклузивен концерт на грчки бенд, ќе бидат прикажани на второто издание на Фестивалот на современ грчки филм и култура што ќе се одржи од 24 до 28 октомври годинава во Скопје.

Фестивалот е официјално поддржан од Амбасадата на Грција во Скопје, а програмата е создадена од грчките филмски автори Димитрис Захос и Христос Каракепелис.

Продуцентot и организатор на манифестацијата Небојша Јовановиќ, на денешната прес-конференција во Скопје рече дека мисијата на фестивалот е да поттикне поблиска комуникација меѓу двете општества кои недоволно се познаваат меѓу себе.

„Филмовите ја отсликуваат грчката продукција во последната декада. Сите се тематски разнолики, но сепак доминираат теми кои реферираат на актуелната стварност во Грција, особено во однос на економската криза што го зафати грчкото општество последнава декада. Фестивалот се отвора со филмот ‘Витез‘, црна комедија на повеќекратно наградуваната грчка режисерка со европска кариера Атина Цангари, која е една од предводниците на новиот грчки филмски бран, т.н. Чуден грчки бран“, изјави Јовановиќ.

Во наредните денови, според најавената програма, ќе бидат прикажани „Смак“ на Елијас Деметриу, „Следна станица: Утопија“ на Апостолос Каракасис, „Нејзина работа“ на Никос Лабот, „Неправеден свет“ на Филипос Цитос и „Поликсени“ на Дора Масклавану.

Јовановиќ рече дека годинава иницијативата е проширена со вклучување и на музичката уметност, односно со ексклузивен концерт на еден од најпопуларните и најпосакувани грчки бендови.

„Покрај уникатната можност на едно место да се погледнат повеќе нови одбрани грчки филмови, ексклузивитет на настанот е концертот на познатиот грчки музичар и текстописец Фоивос Деливоријас, кој со својот бенд ќе изведе посебен перформанс пред скопската публика, нудејќи неповторлива изведба на филмска музика од познати грчки филмови. Станува збор за амблемски песни, кои се дел од Дасиновата „Фаедра“, „Ремпетико“ на Фери, Казановиот „Америка Америка“, „Јастог“ на Лантимос или од старите популарни грчки мјузикли и филмовите на Тео Ангелопулос, кои го водат слушателот на имагинарно патување во филмска индустрија, која патувала надвор од границите на Грција“, вели Јовановиќ.

Константинос Прокакис, од грчката амбасада во земјава, пак, изјави дека целта на овој културен настан е зближувањето на двете земји и запознавањето со нивните културни сличности и разлики. Според него, ова е начин да се види како живеат луѓето во Грција, од другата страна на границата.

„Запознаен сум со фактот дека луѓето од Северна Македонија многу често одат на одмор во Грција, но сметам дека тоа е малку за овие две земји да се запознаат и здружат, бидејќи едно е кога туристички ја посетувате земјата, а друга е кога одблизу ќе го видите секојдневниот живот, обичаи и култура“, рече Прокакис.

Според него, овој филмски фестивал е добра можност за зближување и премостување на разликите меѓу двете земји.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе