Етно:антро - Денови на етнологија и антропологија

Од 25-27 јуни (петок, сабота и недела) во кафе-книжарницата „Буква“, на отворено ќе се одржат Денови на етнологија и антропологија.

Организатор е Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет, УКИМ. Богатата програма предвидува осум промоции на книги и на посебен тематски број на институтското списание ЕтноАнтропоЗум, четири проекции на филмови и два музичко-сценски настапи.

Помеѓу книгите има научни истражувања, скапоцени етнографски извори, како и неколку стрипови. Музички настап во живо ќе има чалгија „Мерак“ со група студенти на ИЕА, а предвиден е и музичко-сценски перформанс: „Матен Вардар дотече: фолклорен еротикон“ со читање еротска народна проза и поезија. Филмовите пак се однесуваат на постот во различни религии, на дервишкиот обред Зик’р, на чалгиската традиција во македонската музика и на продавницата за облека од втора рака „Копче“ на Црвениот крст на град Скопје.

Целта на настанот е да се промовираат активностите на Институтот за етнологија и антропологија, како и новата студиска програма на овој Институт по Менаџмент и заштита на културно наследство, која ќе започне во учебната 2021/22 година.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе