Во Музејот на современа уметност

ЕКСПО 30 со модни ревии, документарец, диџеј сетови и македонски производи

Во Музејот на современа уметност денеска и утре ќе се одржи ќе се одржи EXPO 30, во организација на Боттега Евенти и поддржан од Владата, а по повод одбележување на 30 години независност на државата.

Според организаторот Боттега Евенти, во фокусот на EXPO 30 е македонската мода претставена преку премиерна проекција на документарен филм кој нуди ретроспектива на македонската мода во првите 30 години независност и преку модни ревии на 10 македонски модни дизајнери, одбрани претставници од трите декади и групна модна ревија на три факултети за моден дизајн.

„Македонската мода на овој настан ќе ја претстават домашните модни креатори, на 16 септември ќе се одржат модните ревии на Никола Ефтимов, ‘Лудус‘, Росица Мршиќ, Евгенија Зафировска и Нела Тодоровска – ‘Маригуча‘, а на 17 септември се ревиите на Лидија Георгиева, Силвија Михајловска – ‘Алшар‘, Митко Занов, Јована Филиповиќ и Тања Кокев. На заедничка ревија ќе се претстават и студентите по моден дизајн од три факултети, од Институт за дизајн и инженеринг на облека од Технолошко-металуршки факултет при УКИМ, Факултет за арт и дизајн при Европски универзитет и Факултет за текстил, дизајн и моделирање при Универзитет Мајка Тереза“, информира организаторот.

На ЕXPO 30 ќе настапат и 11 македонски диџеи, прво како музичка подлога на модните ревии, а потоа и со сопствени диџеј сетови ќе настапат Зоки Бејбе, Бранчез, Флудер, Дела, диџеј Маци, Чваре, Соул Кејс, Узун Баба, Џон Антонио, Чедо и Соња Исмаил. Во EXPO зоната ќе изложуваат 10 македонски компании кои на посетителите ќе им ја пренесат својата приказна за своето делување во 30 години независност и ќе понудат дегустации на пијалаци и деликатесни производи.

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе