Едмонд Адеми: Делата на Спасе се мост помеѓу Албанија и Северна Македонија

Министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми во Пустец присуствуваше на одбележувањето на 105-годишнината од раѓањето на познатиот писател Стерјо Спасе.

„Стерjо Спасе е пример за сите нас кои живееме на Балканот. Фигурата на Спасе треба да биде пример за сите нас, за тоа дека соработката на културите е неопходна, секогаш тргнувајќи од гледиштето на човечноста, интелектуализмот и уметноста”, рекол Адеми, говорејќи за големиот писател Стерјо Спасе кој има македонско потекло.

Според министерот Адеми, Спасе е типичен пример за тоа како можете да се интегрирате во култура, која потоа ќе стане инспирација за многу наредни генерации.

„Тој е Албанец кога се зборува за својата литературна дејност, тој е Македонец по етничко потекло. Toj e мост помеѓу Албанија и Северна Македонија. Спасе е пример, за тоа дека уметноста е мозаик на разноликоста и дека границите се надминуваат”, истакна министерот.

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе