ФОТОИЗЛОЖБА

Духовното срце на Украина ќе биде претставено во Археолошкиот музеј на Македонија

Во рамките на двата настана, 18 Мај – Меѓународен ден на Музеите и Европска ноќ на музеите – 20 Мај, НУ Археолошки музеј на Македонија во соработка со Амбасадата на Украина, на 22 мај (понеделник), со почеток во 19.30 часот, ќе ја отвори Изложбата на уметнички фотографии „Киево-Печерскиот манастир – Светилишта на Украина“. Настанот е поддржан од Министерството за култура – Оддел за Меѓународна соработка.

Изложбата „Киево-Печерскиот манастир – Светилишта на Украина“ претставува историска и културна панорама на најпознатите цркви и манастири содржани во овој комплекс, каде што на автентичен начин е претставено духовното срце на Украина.

Изложбата се состои од 30 современи уметнички фотографии на Киево-Печерски комплекс, кој претставува културно добро впишано во листата на УНЕСКО, што го претставува богатото културно наследство на Република Украина.

Изложбата во просториите на НУ Археолошки музеј за посетителите ќе биде отворена до 22 јуни 2017 година и посетителите ќе можат да ја видат бесплатно.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе