Друштвото на писатели на Македонија распиша Конкурс за наградата „Даница Ручигај”

Друштвото на писатели на Македонија распишува Конкурс за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од жена-писател, член на ДПМ, објавена во периодот од мај 2018 до крај на октомври годинава. 

Како што соопштија од ДПМ, книгите во еден примерок треба да се достават во  просториите на Друштвото најдоцна до 10 ноември 2019 година, секој работен ден меѓу 9 и 12 часот, или по пошта, на адреса: ДПМ, ул. „Максим Горки“, бр.18, 1000 Скопје. 

Изборот ќе го изврши писател-селектор, а ќе го потврди претседателството на асоцијацијата.  Наградата се состои од плакета и ќе биде врачена на посебна свеченост во Друштвото на писатели на Македонија. 

Со оваа награда се поттикнува поетското творештво на жените-писатели и се возобновува споменот на македонска поетеса Даница Ручигај, која  трагично го загуби животот во скопскиот земјотрес на 29-годишна возраст.

 

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе