По препораката од Владата

Драмскиот театар ги прекинува претставите до 6 март

Националната установа Драмски театар – Скопје денеска соопшти дека согласно препораката на Владата за превенција од ширење на коронавирусот, го прекинува својот репертоар до 6 март годинава.

Во соопштението се наведува дека според оваа одлука, откажана е претставата „Луди за љубов“, што требаше да се одигра утре на сцената на овој театар.

Билетите доделени како гратиси, добитниците може да ги заменат за друга претстава на билетарницата на Драмскиот театар-Скопје, се додава во соопштението.

Владата во петокот издаде препораката за откажување на поголемите јавни собири, спортски настани и забавни и културно-уметнички манифестации до 6 март, нагласувајќи дека апелот важи за сите, особено за оние каде се очекува присуство на голем број граѓани и каде има или се очекуваат можни присутни гости од странство.

По препораката на Владата беа откажани Струмичкиот карневал и Карневалот „Прочка“ во Прилеп, а спортските настани во текот на викендов се одржуваа без присуство на публика.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе