Допирот на Македонија, денови на македонската култура во Белград

Здружението на Македонците во Белград „Македониум" од 20 до 25 мај ја организира деветтата традиционална културна манифестација „Денови на македонската култура во Белград – Допирот на Македонија". Предвидена е богата, повеќедневна програма, во рамки на која љубителите на македонската култура и традиција ќе имаат можност да се запознаат и да уживаат во различни културни содржини.

Во рамките на Деновите на македонската култура вчера вечер во Театарот 78 беше одржан концерт-„Зедниците заедно“ на македонската, хрватската, словенечката и влашката национална зедница.

Вечер во УК „Параброд“ ќе се одржи поетско читање на традиционалната и на современата македонска поезија на Наташа Сарџоска, Долорес Атанасавоа – Лори, Снежана Стојчевска, Тихомир Јанчоски и Исток Улчар.

В среда предвидено е свечено отворање на ликовната изложба „Зад виножитото“ на академскиот сликар Калина Брајковска од Скопје, а в четврток вечер ќе има проекција на наградени македонски современи краткометражни играни филмови – „Последните камбани“ и „Fighting for a death“.

На 24 Мај – Денот на Св. Кирил и Методиј заедно со претставници на амбасадата на нашата држава во Белград предвидено е положување цвеќиња на споменикот на дајцата словенски просветители, што е подарок на градот Белград од македонскиот академски скулптор Томе Серафимовски, како и одржување свечена академија во чест на св. Кирил и Методиј во УК „Параброд“ на која ќе говори писателот Филип Димковски од Скопје.

Деновите на македонската култура традиционално ќе завршат в сабота во Домот на војската со Македонска етно вечер, на кој ќе настапи македонскиот Адреналин бенд.

Годинашната манифестација „Денови на македонската култура во Белград – Допирот на Македонија“ е поддржана од Министерството за култура на Србија, Националниот совет на Македонците во Србија и „Алкалоид“ од Скопје.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе