ВО СОЛУН

Доделени дипломите на Универзитетот Шефилд- Сити колеџ (ФОТО)

Церемонијата на дипломирање, специјалната прослава за дипломците на меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ се одржа во саботата во Концертната сала во Солун , Грција.

Наградите беа претставени од заменик канцеларот на Универзитетот Шефилд, Професор Сер Кит Бурнет, што беше придружуван од професорите и академските колеги од британскиот универзитет. На церемонијата, повеќе од 200 дипломци, постдипломци и докторанти, што ги завршија своите студии на Меѓународниот Факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ ја добијат својата диплома.

За време на церемонијата, шест истакнати алумни беа наградени со „Награда за истакнати алумни”, како признание за нивните видни професионални достигнувања: Панче Кралев, Претседател на одборот на директори на Македонски Телеком (Дојче Телеком Групација) од Скопје, Мирела Аркимандрити, Извршен директор, Центар на родова алијанса за развој, Албанија, Сања Милаковиќ Колунџија, Директор на адвертајзинг агенција „Executive Group“, Србија, Катерина Сиампани,  Гешталт психотерапевт и тренер, Грција, Висар Келеменди, Главен извршен директор, Ругове „L.L.C.“, Косово, Грациела Константин, Претседател на Комитетот за даноци во Ромската банкарска асоцијација и директор на CEC Банка, Романија.

Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ повеќе од две децении ги пренесува програмите на Универзитетот Шефилд во Солун, Грција и во Југоисточна Европа (Бугарија, Романија, Србија, Македонија и Украина), давајќи им можност на студентите и професионалците да студираат за диплома од Универзитетот Шефилд во нивната земја. Денес, извршните МБА програми се одвиваат во Солун, Софија, Букурешт и Белград, со серија на магистерски програми кои се нудат во Софија и Букурешт и серија на додипломски студии и програми достапни во Софија и Скопје. Дипломците добиваат диплома од Универзитетот Шефилд, диплома од универзитет кој е рангиран меѓу најдобрите универзитети во светот (69 во светот и 24 во Европа според „Кју Ес Ворлд јуниверзити ренкинс 2014-2015“ (QS World University Rankings 2014-2015).

 

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе