Министерство за култура

Добитници на државната награда Св. Климент Охридски - Агаи, Милчин, Стаменковиќ, Османли...

Одборот за доделување на државната награда Св.Климент Охридски донесе одлука за наградените за 2018 година за ова највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Министерството за култура соопшти дека во областа на воспитанието и образованието наградата им се доделува на просветните работници Кимет Агаи и Аднан Агаи, а во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на режисерот Владимир Милчин, на балетскиот уметник Емилија Стаменковиќ и на писателот Томислав Османли.

За достигнувања во областа на здравството наградата се доделува на патофизиологот проф. Д-р Борислав Каранфилски

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември 2018 година во свечената сала на Собранието на Република Македонија. 

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе