Дискусии за современата археолошка теорија ќе се одржат во Археолошкиот музеј на Македонија

Во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје, на 09 март (петок), со почеток од 12 часот, ќе се одржи настанот „Современа археолошка теорија“ во организација на Студентското археолошко здружение „Аксиос“ од Скопје, замислен како серија на предавања и дискусии поврзани со современите теориски и методолошки тенденции во археологијата и нејзините сродни науки, отстапувајќи им простор на помладите истражувачи и нивните размислувања на оваа тема.

„Се одлучивме за настан на кој нема да се зборува за конкретни археолошки наоди, локалитети, хипотези и претпоставки, туку за настан на кој ќе се зборува и ќе се дискутира за општите научни цели и принципи на археологијата, за нејзините теориски и методолошки основи, поставувајќи си го прашањето „Зошто?“ и „Како?“ археологија“, истакнуваат од Студентското археолошко здружение „Аксиос“, образложувајќи ги целите на настанот.

Настанот ќе биде составен од шест различни предавања преку кои говорниците ќе ги изразат своите ставови поврзани со отворените прашања и насоки на развој на современата археолошка теорија и методологија.

Серијата на предавања ќе биде отворена со излагањето на доц. д-р Гоце Наумов од Центарот за истражување на предисторијата на тема „Теорија без територија: за епистемологијата и пост-процесната археологија“. На прашањето „Дали андроидите сонуваат електрични овци?“, односно за „Археолошки дистопии во пикантен технолошки сос“ ќе зборува доц. д-р Ирена Теодора Весевска од Филозофскиот факултет во Скопје, отворајќи сериозни прашања за иднината на човечкиот фактор во науката. Првиот дел од излагањата ќе биде заокружен со предавањето на м-р Мишко Тутковски од Националната установа Стоби на тема „Ранохристијански мозаици: анализи и интерпретации“.

Втората етапа на предавања ќе отпочне со Кристијан Тошески од Студентското археолошко здружение „Аксиос“, кој ќе ја презентира темата „Кохерентна светлина: холограмите во археолошката средина“, продолжувајќи со Кирил Денковски од Македонското археолошко научно друштво, кој ќе зборува за „Примената на картографски методи во археологијата“. Надоврзувајќи се на својот претходник, Ѓоре Милевски од Центарот за истражување на предисторијата ќе го комплетира вториот циклус на предавања, осврнувајќи се на темата „Географско-интелигентен сапиенс: Просторот и неговото место во археолошката теорија“.

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе

Ако нешто е направено спротивно на законот, тогаш тоа што е направено е ништовно по силата на правото (ipso iure). 

повеќе

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе