29.Меѓународна ликовна колонија

Девет уметници ќе творат во живописниот Галичник

Во Галичник денеска ќе почне 29. Меѓународна ликовна колонија на која ќе учествуваат девет уметници кои ќе творат до 22 август.  Оваа година учествуваат шест странски уметници: Стеван Којиќ од Србија, Пиотр Пиаста од Полска, Џили Ависар од Ирска, Тошихиро Сакума од Јапонија, Ирена Сладоје од Босна и Херцеговина и Танасис Раптис од Грција, и тројца македонски Роберт Јанкулоски, Моника Мотеска и Јана Луловска. 

Куратори се Сања Младенов-Којиќ, кустос и поранешен директор на Музејот на современата уметност од Нови Сад, и Ана Франговска, претседател и организатор на Колонијата. 

Франговска наведува дека ги продолжуваат начелата за квалитет во изборот на уметниците и уникатност во поглед на идејната структурираност. Оттука, вели таа, речиси цела деценија Колонијата се движи во правец на дигиталните медиуми и медија уметностите, така што поканетите уметници, генерално, се занимаваат со фотографија, видео, инсталација, дигитална графика, звук, перформанс...

„Поканетите уметници се автори чија кариера е веќе успешно одбележана или, пак, е во сигурен подем, според  бројот и имињата на изложбите на кои учествувале индивидуално или како селектирани претставници на своите земји на групни меѓународни претставувања. Голем број од нив се занимаваат и со едукативна дејност. Изборот на дигиталната медиумска стратиграфија, а секако и секогаш примарниот аспект на внимателен избор на афирмирани уметници, ја чини оваа колонија единствена, посебна и препознатлива во Македонија, па и во регионот“, истакнува Франговска. 

Колонијата ќе трае до 22 август во живописниот Галичник кој во сите изминати изданија на оваа манифестација ги инспирира учесниците со својата богата историја, традиција и природна убавина.

Покрај творењето, авторите во наредната седмица ќе имаат можност да посетат и некои од околните села, да ги видат водопадите во Ростуше и манастирот „Св. Јован Бигорски“, а за нив ќе биде организирана и еднодневна посета на Охрид

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе