Во МАНУ

Денови на Руската наука, македонските и руските научници ќе ја засилат соработката

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска започнаа Деновите на руската наука. Како што беше речено, македонските и руските научници отсекогаш имале и имаат плодна соработка. Постои голем интерес за нејзино интензивирање, за реализирање заеднички проекти и истражувања, а обновливите извори на енергија, безбедната храна и заштитата на животната средина се само некои од областите во кои се гледа значителен потенцијал.

Меѓународниот образовен простор интензивно се развива. Прогресивната заедница се стреми да создаде глобална стратегија за образование на човекот, без оглед на местото на живеење и едукациското ниво. Денес е невозможно да се обезбеди конкурентност на високообразовната институција и нејзините дипломирани студенти на светскиот пазар на труд, без активна интеракција со странски партнери. И нашите земји ги обединува разбирањето дека модерното образование треба да стане меѓународно, а универзитетското мултикултурно, порачаа учесниците на настанот во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), со кој претпладнево и официјално почнаа Деновите на руската наука.

Според високите претставници на македонската и руската академска заедница, статусот на државите во светот, директно зависат од научниот напредок и новите технологии. Но, науката треба да демонстрира и убедливи резултати од своите истражувања кои може да бидат основа за политички одлуки, за што, пак, се важни постојаните контакти на научниците и нивната професионална интеракција со оние кои донесуваат одлуки и ги спроведуваат на меѓународната сцена.

Како што беше речено, македонските и руските научници отсекогаш имале и имаат плодна соработка. Постои голем интерес за нејзино интензивирање, за реализирање заеднички проекти и истражувања, а обновливите извори на енергија, безбедната храна и заштитата на животната средина се само некои од областите во кои се гледа значителен потенцијал.

„Руската наука го задолжи светот. Во историјата засекогаш ќе останат впишани големите имиња на руските научници, пронаоѓачи, истражувачи, писатели,..., од кои многумина се и добитници на Нобеловата награда. Но, Русија и денес го препознава значењето на науката и има стратегија за нејзина поддршка“, истакна во своето обраќање претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев и најави дека се подготвува нов договор меѓу Руската академија на науките (РАН) и МАНУ.

Според рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Александрович Баздникин, за Русија науката е еден од врвните приоритети, а во фокусот се напредните научно-истражувачки центри и талентираните млади луѓе.

„Со МАНУ и со руските висоообразовни институции денес отвораме низа онлајн предавања на експерти од двете земји за современите научни достигнувања. Изборот на дисциплини не е случаен: вештачка интелигенција, биохемија и молекуларна биологија, земјоделски науки и ветеринарни науки. Во овие области развивме плодна соработка. Убеден сум дека Деновите на руската наука ќе придонесат за унапредување на нашите традиционални партнерски врски, а Амбасадата ќе продолжи да дава поддршка на соработката“, нагласи Баздникин.

На свеченото отворање се обратија и академик Виктор Антонович Садовничиј, претседател на Рускиот Сојуз на ректори и ректор на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов", проф. д-р Сергеј Владимирович Позјабин, ректор на Московската државна академија за ветеринарна медицина и биотехнологија „К.И. Скрјабин", проф. д-р Евгениј Владимирович Рудој, ректор на Новосибирскиот државен аграрен универзитет и проф. д-р Велимир Стојковски, почесен конзул на Руската Федерација во Охрид.

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин ја прогласи 2021-ва за Година на науката и технологијата. По тој повод е предвидено да се организираат 86 настани кои ќе овозможат запознавање на пошироката јавност со руската наука на достапен и информативен начин. Еден од настаните се и Деновите на руската наука кои ќе траат до 21 октомври. Во рамки на Деновите ќе се одржат четири предавања од различни научни области: вештачка интелигенција, биохемија и молекуларна биологија, земјоделски науки и ветеринарни науки. За овие теми ќе зборуваат академик Љупчо Коцарев, проф. д-р Велимир Стојковски, проф. д-р Евгениј Варисович Камалдинов и проф. д-р Лариса Александровна Гнездилова.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе