Бугарија

„Денови на македонската култура” за првпат во Бургас

Манифестацијата „Денови на македонската култура” ќе биде отворена денеска во бугарскиот приморски град Бургас и ќе започне со изложбата „Предизвици и насоки”.

Изложбата, како што јавува МИА од Софија, ќе биде поставена во Центарот за култура „Море казино” во Бургас и е дел од проектот „Поврзување” на Културно-информативниот центар на Македонија во Бугарија.

Во нејзини рамки ќе се одржат и две филмски проекции, кои се предвидени на програмата за утре и в петок во 21 часот по локлано време на сцената „Полжав”.

Изложбата „Предизвици и насоки” содржи специјално избрани уметнички дела од 12 современи автори, кои ги презентираат своите погледи и предизвици за време на пандемијата на ковид-19 и прикажуваат до кој степен овој глобален проблем ги менува нивните начини на размислување и насоките во креативноста. Како одговор на овие прашања, сите индивидуално направија избор на свои дела и преку нив се обидоа да го претстават нашето време и нашата индивидуална уникатност.

Во изложбата се вклучени македонски уметници кои живеат и работат во Бугарија – Иво Пецов, Маријан Ѕингаров – Џин, Маријана Иванова, Перица Георгиев – Пепси, Атанас Ботев и Хари Дудески, како и на уметникот и поет Роман Кисов од Софија, кој во минатото оствари бројни соработки со македонски автори, најчесто од областа на поезијата. Со свои дела во изложбата ќе се претстават и уметниците и професори на бугарската Национална академија на уметностите, Свилен Стефанов, Росен Тошев и Георги Јанков од Софија, како и македонскиот уметник од Битола, Димитар Христов, кој живее и работи во Берлин.

Покрај уметничките дела, авторите запишаа и своите мисли во неколку реченици, како додаток на визуелниот дел. 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе