Денот на Египќаните со гости од Египет, Захи Хавас, познатиот археолог доаѓа во Скопје

На 21 јуни во рамките на регионалната посета, а по повод на празнувањето на Денот на балканските Египќани (24 јуни), во посета на Република Македонија ќе дојдат д-р Захи Хавас арехолог од светски глас и амбасадор на културата на ООН, м-р Нурелдин Мухамед Ахмед Мамуд ЕлТамиму, член на високиот Совет за култура на Египет и Мухамед Ел Саид, новинар вработен во Дејли њу (Daily New Egypt) од Каиро, Египет.

Захи Хавас
Гостите ќе бидат примени од министерот за култура Асаф Адеми, а ќе ги посетат Музејот на Македонија, Археолошкиот Музеј, како и археолошкиот локалитетот Стоби.
Посетата е со цел да се развие и афирмира научната и културната соработка со АР Египет.
Хавас e археолог и јавен службеник, чија магнетна личност и силно застапување помогнаа да се подигне свеста за напорите за ископување и зачувување што тој ги надгледуваше како шеф на Египетскиот врховен совет за антиквитети (СЦА). Тој беше министер за антиквитети во Египет во 2011 година. Тој е амбасадор на културата на ООН. Неговиот лик и дело биле инспирација при пишувањето на сценариото за филмскиот лик Индијана Џонс, на Џорџ Лукас и Стивен Спилберг. Нурелдин Мухамед Ахмед Мамуд ЕлТамиму, е член на високиот Совет за култура на Египет, а неговата книга „Изгубено наследство“ е преведена на повеќе светски јазици, а од претседателот на АР Египет е овластен за одржување на службените релации со Балканските Египќани.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе