Денеска Галичка свадба со младенците Катерина Илиевска и Филип Бундовски

По пауза од една година поради ковид-пандемијата, викендов се одржува Галичката свадба на која годинашни невеста и зет се Катерина Илиевска и Филип Бундовски.

Манифестацијата почна вчера со традиционалните свадбени обичаи – китење, редење на бајракот и „фрлање пушки“, „пречек на топаните“, изведба на ората „Свекрвино“, „Тешкото“ и „Невестинско“, а ќе заврши денеска со венчавка на младенците во црквата „Св. Петар и Павле“ во Галичник.

Галичката свадба се одржува под покровителство на претседателот Стево Пендаровски и со поддршка од Министерството за култура.  Организатор е Месната заедница „Галичник“ која на прес-конференција соопшти дека викендов во Галичник ќе има посебен режим во сообраќајот и забрана за паркирање околу локациите на настанот.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе