петок, 29 март 2024

Ден на бесплатни стрипови

Стрип книжарницата „Бункер“ денеска го организира 3. „Ден на бесплатни стрипови“. Во рамки на настанот бесплатно ќе бидат поделени околу 700 стрипови, а целта е промовирање и ширење на стрип-културата. Во понудата е широк спектар на изданија наменети за различни возрасни групи. 

Објавено на

часот

Сподели

Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен“, секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа. Покрај бесплатните стрипови стрип, „Бункер“ ќе понуди и 30 отсто попуст на целокупниот асортиман.

„Бројката расте, бидејќи во акцијата се вклучуваат и голем број домашни издавачи и поединци. Настанот ќе трае до 15 часот или додека не се потрошат количествата. Во соработка со ‘Светот на Биби’, еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер“, информираат од „Бункер“.  

„Денот на бесплатни стрипови“ е најмасовниот настан во светот на стрипот – ден во годината кога во специјализираните книжарници за стрипови на посетителите им се делат бесплатни примероци. Манифестацијата прв пат се одржа во САД во 2002, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите шест години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ