Делчева-Диздаревиќ: Со изданијата за почетно пишување се следи развојот на децата при нивното описменување

Професорката на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет, Јасмина Делчева-Диздаревиќ, потенцирајќи го значењето на соодветното описменување на децата во првите одделенија,  на „Саемот за книга“ ги претстави изданијата „Тетратка за почетно пишување“, „Вежбанка за почетно пишување: графомоторички вежби“ и најави уште едно дело кое наскоро ќе биде достапно – „Дидактика на јазичното подрачје“.

Сите овие помагала, како и новата книга, се направени, рече, со цел да се даде значење на почетното описменување низ сите програмски подрачја застапени во наставната програма по македонски јазик.

„Тетратка за почетно пишување“ и „Вежбанка за почетно пишување: графомоторички вежби“ веќе може да се најдат на штандот на издавачката куќа „Арс Ламина“ како и во книжарниците „Литература.мк“, додека овој комплет наскоро ќе биде збогатен со „Дидактика на јазичното подрачје“ кој е наменет како учебник за студентите на сите наставнички факултети.

„Овие три изданија се надополнуваат едно со друго и особено ми е драго што имаме нов универзитетски учебник, а тоа е „Дидактитката на јазичното подрачје“ во кој се елаборирани нови научни истражувања кои се базираат на базичната писменост, на почетното читање и пишување, анализирајќи ја писменоста како еден од индексите за успехот на децата во сите останати подрачја од воспитно-образовниот процес. Како децата се описменуваат, стекнуваат базични сознанија во однос на говорниот развој што понатаму значително ќе влијаат во нивните достигнувања во когнитивниот развој и се однесуваат на други воспитно-образовни подрачја. Затоа, мислам дека оваа книга ќе биде одлично четиво за сите студенти од наставничките факултети. Во учебникот има една хронологија на развојот на писменоста во нашата земја и развојот и продукцијата на сите буквари во нашата земја, начинот на кој биле развивани и зошто тие се избрани за описменување и зошто се добри за нашиот фонетски систем“, истакна промоторот, професорката на Институтот за педагогија, Лена Дамовска.

Сите слабости во почетните одделенија, додаде, се чувствуваат и гледаат подоцна и поради тоа мора да се посвети исклучително внимание.

Професорката Делчева-Диздаревиќ рече дека е среќна што со овие три врзани изданија воедно ја продолжува традицијата почната од нејзиниот татко Ѓорѓи Делчев кој во 1973 година го има издадено букварот кој описмени 36 генерации.

„Се надевам дека со „Тетратката за почетно пишување“ ќе дојде крајот на дивото печатење тетратки од овој тип. Од друга страна, идејата за вежбанката постои одамна и заедно ја составувавме со мојот татко Ѓорѓи Делчев и е насочена на системот, од поедноставно кон посложено во однос на вежбите кои треба да служат за развој на графомоториката кај децата од рана училишна возраст. Дополнително е адаптирана и на потребите и фокусот на денешните деца. Инаку ова издание може да има голема примена во големата група во градинките кои за жал не влегуваат во воспитно-образовниот процес, што сметам дека е голема грешка како и во почетните две одделенија“, објасни Делчева-Диздаревиќ.

Во врска со „Дидактика на јазичните подрачја“, посочи дека се спроведоа многу реформи во образованието во различни сфери, но мајчиниот јазик не е допрен.

„И кога ќе се погледне наставната програма од прво до трето одделение, децата во прво не се описменуваат, туку само ги препознаваат печатните букви со што не се следи нивниот развој. Процесот на описменување почнува во второ одделение и тоа многу интензивно, се учат и ракописните букви, а сето ова треба да оди постапно и етапно“, истакна професорката.

„Тетратка за почетно пишување“ и „Вежбанка за почетно пишување: графомоторички вежби“ веќе се достапни да се нарачаат онлајн. 

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе