„Чет'рсе" стана дел од културно наследство на човештвото на УНЕСКО

„Чет'рсе - празнувања на свети четириесет маченици во Штип" станаа дел од нематеријални добра на репрезентативната листа на заштитени добра на човештвото на УНЕСКО.

Ова било одлучено на осмата седница на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО за нематеријално наследство што од 2 декември се одржува во Баку, Азербејџан.

Ова е прво македонско нематеријално добро впишано на репрезентативната листа на УНЕСКО, а со тоа стана и дел од светското нематеријално културно наследство со непроценлива универзална вредност.

Пријавата за „Чет'рсе - празнувања на свети четириесет маченици во Штип" била поднесена уште во 2011 година заедно со апликацијата на „Копачката" - машко соборско оро од село Драмче. За „Копачката“ ќе се решава на наредната седница на комитетот во 2014 година.

Македонија беше меѓу првите држави кои ја ратификуваа Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство, донесена во Париз 2003 година.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе