Чествување на македонскиот јазик во Романија

Со прифаќање на законот изгласан на 8 декември 2018 година во романскиот парламент, овој ден ќе има посебно значење за целото македонско малцинство во Романија, зашто покрај славењето на Св.Климент тој ќе биде и Ден на македонскиот јазик. Со краток застој заради пандемијата, на 8 Декември годинава, чествувањето на македонскиот јазик ќе продолжи, информира дипломираниот филолог по романски јазик и книжевност, Теа Теохаревска-Иванова.

„Националниот музеј на романската литература во Букурешт, го прифати мојот предлог за одбележување на македонскиот јазик во оваа пријателска земја. Чест и, голема одговорност. Инаку, појдовната идеја ми беше пронаоѓањето линк интересен и за романската страна и, така се роди идејата. Проектот (кој би
сакала да стане традиционален), се вика 'Романски поети на македонски јазик – Ана Бландијана'. Веќе знаете, Бландијана е добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата 2019 година. Во главата ми беа постојано нејзините зборови, цитирам: '...за да разберете што чувствувам, треба да знаете дека за мене како романски поет, овој легендарен венец е поважен од било која друга европска награда...по-раснав и станав поет под речиси митската аура на поетскиот фестивал крај Струшкиот мост и Охридската катедрала, а крунисувањето на Никита Станеску беше магичен момент на мојата генерација...'

Покрај коктелот на нејзини песни во препев на Лидија Димковска, Ташко Саров и Јане Теохаревски, ќе биде прикажан и документарниот филм 'Кирилицата – по врвиците на писменоста во С.Македонија'.

На прославата меѓу другите, се поканети и романските студенти кои го  изучуваат македонскиот јазик при Факултетот за странски јазици на Букурешкиот универзитет и лекторот Елена Ѓорѓиовска“, вели Теохаровска Иванова и додава дека проектот е помогнат од нашата амбасада во Романија и Асоцијацијата
на Македонците во Романија (АМR) и финансиран од Фондацијата Заев.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе