„Цепки" – гала настан на иницијативата „ПичПрич"

„Цепки" е насловен гала настанот на иницијативата „ПичПрич" што ќе се одржи вечер од 20 часот во Филхармонија, по повод десет години од Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско".

Организаторот на настанот – Тиииит! Инк. соопшти дека во фокус на настаните на јубилејното издание на фестивалот оваа година е субверзивната моќ на хуморот, посебно имајќи го предвид традиционалното исклучување на женските гласови од областа на смешното и честото исмевање со „типично женските" искуства.

„Темата „Цепки" има цел да понуди повеќе интерпретации на тоа што е смешно, а истовремено и да ја насмее публиката. Свои интерпретации на темата ќе раскажат петмина локални раскажувачи кои со своите настапи веќе оставиле голем впечаток на публиката на „ПичПрич" – уметницата Јана Јакимовска, планинарката и уметница Илина Арсова, писателот Петар Андоновски, радиоводителката Маја Казакова и режисерката Софија Ристевска. Како и на сите други гала настани на „ПичПрич", настапува и една регионална раскажувачка, а тоа е хрватската книжевничка и активистка Мима Симиќ“, информира тимот на Тиииит! Инк. 

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе