Битолското „ислахане“ доби статус на привремено заштитено добро

Ислахането во Битола, објект од периодот 1894 – 1899 година, е ставено под заштита со акт што го донесе Управата за заштита на културното наследство по предлог на НУ Завод и музеј – Битола.

Министерката за култура Ирена Стефоска, на одбележувањето на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, токму пред битолското „ислахане“ соопшти дека е започната инцијативата за заштита на овој редок објект од османлискиот период, кој е еден од трите на Балканот, покрај ислаханите во Солун и во Скопје.

Ислахането е дел од старите турски училишта и академии во Битола каде што професори биле познатиот Тефик-беј и Данали-ефенди со нивните ученици Кемал Ататурк и Али Фести-беј. Училиштето започнало да работи околу 1900 година и било финансирано со државни средства. Во него се школувале деца кои биле сираци или од сиромашни семејства, така што истовремено функционирало и како сиропиталиште и како училиште.

Ислахането претставува објект кој, според оценката на надлежната установа НУ Завод и музеј – Битола, спаѓа во категоријата добро за кое основано се претпоставува дека претставува културно наследство што заслужува да биде ставено под заштита поради своите историски, културни и научни вредности.

Со актот за привремена заштита се утврдуваат границите на доброто и неговата контактна зона, како и режимот на заштита, со кој се утврдуваат ограничувања што произлегуваат од заштитниот статус. Рокот за привремена заштита, во согласност со закон, изнесува една година, кога надлежната установа Завод и музеј – Битола треба да изготви елаборат за валоризација на доброто, со што ќе се овозможи донесување акт за заштита, односно негова трајна заштита како културно наследство.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе