Битолска Хераклеа ќе се обновува со меѓународна финансиска поддршка

Националната установа Завод и Музеј – Битола ќе изврши голема реконструкција и обнова на локалитетот Хераклеа, кој годишно го посетуваат и над 30.000 посетители. Според директорката на оваа национална установа, Мери Стојанова, со учество во проектот „Smart cool tour“, за локалитетот Хераклеа е обезбедена досега најголемата меѓународна финансиска поддршка, пренесува МИА.


„Проектот го реализираме во партнерство со Општина Битола, МКЦ-Битола, Општина Пустец и регионалниот Директорат за културно наследство од Корча, Албанија. Во нашиот град најголем дел од активностите се концентрирани во локалитетот Хераклеа каде ќе се изврши осовременување на сувенирницата, поставување систем за контрола при влез и излез на посетители, осовременување на пристапната патека од влезот во локалитетот сѐ до театарот, а тоа значи реконструкција на скалите, поставување огради и ракофати. За искачување до театарот ќе има и лифт кој ќе го користат инвалиди и лица со попреченост, но и рампа за пристапување до театарот со инвалидска количка. Во театарот ќе бидат отстранети подните плочи кои се неавтентични и ќе бидат поставени практикабли со универзална употреба, односно за различни културни настани“, вели  директорката Стојанова.

Во рамки на проектот, според најавите, ќе се реконзервира видиковецот кој ќе може да го користат и лица инвалиди и од каде непречено ќе може да се гледа цел локалитет односно панорамски поглед на Хераклеа. Исто така, ќе се редизајнира и музејот со музејската поставка во Хераклеа, со тоа што на еден кат ќе има проактивен простор со видео проектор и услови за работа во групи, предавања, презентации…, а ќе биде изработен аудио-водич на седум странски јазици кој ќе овозможува секој посетител од странство да биде информиран за Хераклеа Линкестис.

Општина Битола, како водечки партнер во проектот, ќе изврши реконструкција на пристапен пат од страната на индустрискиот дел на градот до Хераклеа и тој ќе биде современ со пешачка патека, соларно осветлување, широк и безбеден за автомобили и автобуси.

Проектот е поддржан во рамки на вториот повик од ИПА-2, програмата за прекугранична соработка 2014-2020 меѓу Северна Македонија и Албанија и вкупниот буџет на проектот изнесува 704.590 евра.

Проектните активности кои ќе се одвиваат во Албанија вклучуваат реконструкција на старото училиште во с. Глобочани, во кое учел Стерјо Спасе, еден од најпознатите македонски писатели, воедно и еден од најреномираните писатели во Албанија по Втората светска војна. Партнерите од Албанија планираат и адаптација на нов културен и етнолошки простор во наведениот простор во општината Пустец.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе