Министерката за култура на средба со градоначалничката Петровска

Битола ќе обезбеди пари за заштита на локалитетот откриен во дворот на Јени џамија

На Меѓународниот ден на спомениците на културата и локалитетите, министерката за култура Ирена Стефоска заедно со градоначалничката Наташа Петровска и директорката на НУ Завод и Музеј-Битола ја посетија Јени џамија и извршија увид на реконструкцијата на џамијата, како и на истражувачкиот процес околу новите арехолошки наоди за некогашната црква во тој дел на градот. Петровска најави посебна финансиска поддршка за заштита на новите арехолошки наоди и програма за промоција на Јени џамија и некогашната црква во центарот на градот.

„Заштитата на културно историското наследство што го има нашиот град и низа археолошки наоди како богатство, реставрацијата и конзервацијата се значајни од аспект на зголемување на потенцијалот и развојот на туризмот и тие придонесуваат за економскиот развој на општината, но и за зачувување на нашиот идентитет како дел од мозаичната слика на глобално ниво, гледана од аспект на културно идентитетска препознатливост. Битола од секогаш како град покажувала дека е место за соживот на сите етникуми, а потврда за тоа е и локацијата каде има археолошки наоди за постоење на црква во минатото, а сега и џамија. Како градоначалник на првата наредна седница на Советот на Општина Битола ќе предложам Општина Битола да донира финансиски средства со цел да се заштитат ископините во центарот на градот, односно арехолошките наоди од некогашната црква со што ќе покажеме дека умееме практично да ги чуваме и сочуваме нашите вредности и нашата привлечност како град за туристи, секако по завршувањето на ковид-кризата“, истакна Петровска.

Завод и Музеј-Битола објектот Исхлане, некогашното занаетчиско училиште во тој град станува дел од списокот на објекти под привремена заштита, изјави министерката за култура Ирена Стефоска. Taa посочи дека режимот на заштита на битолското Исхлане ќе зависи од ревалоризацијата на објектот која е во тек.

„Битолското и солунското Исхлане се последните два сочувани објекти на Балканот од изградените седум, подигнати во 19 век во османлискиот период. Нивната улога била да ги вдомат напуштените деца, сирачињата, децата кои подавале рака за корка леб, односно да им дадат занает. Многу деца израснале во почитувани луѓе. Но, за жал војните, времето и негрижата се отсликаа во овој објект Исхлане, кој во буквален превод од турски на македонски јазик значи „Добро место" и затоа такво мора да остане“, порача министерката Стефоска.

„Заштитата на културното наследство е аманет и мисија за грижа на културните идентитети на сите граѓани на нашата културна меморија. Ние правиме серозни чекори за остварување на оваа цел, отвораме посебна наменска програма за културно наследство во опасност преку која ќе можеме брзо да дејствуваме во спасувањето на нашите културни добра како што се црквата Свети Ѓорги во Курбиново, црквата Успение на Пресвета Богородица во Матејче, скопскиот аквадукт, Сарајот на Ахмед Нијази Бег во Ресен, Јени џамија во Битола, а издвоивме средства за изработка на елеборат за ревалоризација на црквата Света Софија во Охрид и изработка на проект за конзервација на нејзиниот величествен фрескоживопис, нагласи Стефоска.

На прес-конференција во Битола, пред некогашното Исхлане, министерката за култура Ирена Стефоска порача дека таму каде што пишува „објектот се продава", треба да се допише „објектот е заштитен".

Според податоци на Министерството за култура и зачувани фотографии, Исхлането во Битола почнало со работа на 6 октомври 1902 година, во присуство на многу гости, муслимански и православни великодостојници и битолскиот валија Едип паша.

Архитектонски, овој монументален објект е во неокласичен и неоренесансен стил, главно идентичен на многу јавниинституции од времето на султан Абдулхамид, со големо влијание на тогашната париска школа.

Исхлането во Битола функционира до 1912 година.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе