Берлинале: Приказната за штипјанката што скокна по крстот ја возбуди филмската критика

Македонскиот филм „Господ постои, нејзиното име е Петрунија" на Теона Стругар Митевска, што е во официјалната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал, денеска во 9 часот беше прикажан пред новинарите и филмската критика. Проекцијата беше проследена со аплауз, а прес-конференцијата предизвика голем интерес кај новинарите.

На бројните прашања одговараа режисерката Стругар Митевска, продуцентката и актерка Лабина Митевска, актерката Зорица Нушева и сценаристката Елма Татарагиќ.

Оваа приказна е снимена по веродостоен настан што се случил во Штип, кога жена скокнала по крстот за Водици во река, предизвика лавина од прашања за позицијата на жената во малите средини и воопшто за севкупниот менталитет на малите средини.

„Овој вистински настан беше за мене голема провокација да го сработам на филм. Тука приказната е повеќеслојна и отвора многу прашања за македонското општество. Ликот на Петрунија е сложен и оваа хероина со нејзиниот пркос се обидува да ја смени свеста и погледот на нештата заробени во традиционалните рамки“, рече Стругар Митевска на денешната прес-конференција, јави известувачот на МИА од Берлин.

За актерка Зорица Нушева која првпат се појавува на големото платно, било лесно да се игра Петрунија бидејќи таа препознала многу сличности во карактерот.

„Голем предизвик беше да се одигра Петрунија. Таа е олицетворение на храбра жена која се обидува да ја смени својата позицијата во односот на семејството и институциите“, рече Нушева.

Премиера на „Господ постои, нејзиното име е Петрунија" беше закажана за денеска во 16 часот, а за време на Берлинскиот филмски фестивал се организирани осум проекции.

Сценариото е на Стругар Митевска и Елма Татарагиќ, а во улогите покрај Нушева играат и Мони Дамевски, Суад Беговски, Стефан Вусиќ, Џевдет Јашари, Виолета Шапковска, Лабина Митевска. Директор на фотографија е Вирџини Сент-Мартен, а сценографијата е на Вук Митевски.

Филмот од македонска страна е поддржан од Агенцијата за филм, а во копродукција се Словенија, Хрватска и Белгија. Филмот доби поддршка од повеќе европски фондови меѓу кои „Еуроимаж" и програмата на Кретивна Европа МЕДИА.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе