Бендот „Визија“ ја објави „Убиј ја тишината“

Песната „Убиј ја тишината“ од македонскиот бенд „Визија“, која е дел од нивниот прв студиски албум „Гласно!“ е објавена на официјалниот Jутјуб канал на бендот и е достапна за бесплатно преслушување.
Бендот го сочинуваат: Марко Џамбазоски (гитара/придружен вокал), Марко Гапо (вокал/ритам гитара), Лилјана Јанкова (бас гитара/придружен вокал) и Синиша Ѓорѓевиќ (тапани). 

 

Визија досега има настапено на дел од најголемите балкански фестивали како што се Егзит, Заечарската Гитаријада, Таксират, Јелен Демофест, Лејк Фест, Миксер и други, а покрај овие настапи, бендот добива одлични критики од американската радио станица „WMBR” и британскиот музички веб сајт „Emerging Indie Bands” кој на нивната листа на најдобри 90 нови бендови од светот за 2014 година, ја поставува визија на високото седмо место.
Оваа сабота (28. април) Визија ќе одржи концерт во Младинскиот културен центар во Скопје во рамките на ревијалната програма од 31. издание на „Рок Фест“.



Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе