Археолошкиот музеј од денеска отворен за посетители

Археолошкиот музеј соопшти дека од денеска почнува да прима посетители кои задолжително ќе се придржуваат на препораките за заштита од ковид-19 и на протоколот за посета на музеј.

„Носењето маска е задолжително во текот на целата посета. Задолжително дезинфицирање на рацете пред влегување во музејот. Одржување дистанца од 1,5 до 2 метра пред билетарницата, како и кај поставката. Препорачуваме бесконтактно плаќање со картичка. Забрането допирање на изложените експонати“, соопшти Археолошкиот музеј, кој за јавноста беше затворен од средината на март.

Во соопштението музејот му се заблагодари на рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин, и на тимот на Амбасадата на Руската Федерација за покажаната општествена одговорност со донирање бесконтактен апарат за дезинфекција на раце.

„Апаратот е поставен на самиот влез на музејот, со кој на посетителите им се овозможува уште побезбедна посета на нашата постојана поставка“, наведува Археолошкиот музеј. 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе