Акција на Културно ехо за обнова на културниот дом во Ченто

Меѓународното здружение на граѓани Културно ехо на 19 мај ќе организира мал фестивал за обнова на културниот дом во населбата Ченто, општина Гази Баба.

 

Целта е да се иницира дискусија за обновување на објектот и негово претворање во независен културно-едукативен простор, што ќе биде јавно добро и достапен на граѓаните.

На настанот ќе има музичка програма, панел дискусија и симболично зачистување на објектот. Малиот фестивал е дел од програмата на Културно ехо наречена „Напуштени можности“.

Проектот е поддржан од град Скопје и општина Гази Баба.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе