Агенција за филм: „Киненова“ не ги задоволуваше критериумите на Филмскиот совет

Агенцијата за филм на Република Македонија во писмена реакција на тврдењата на меѓународниот филмски фестивал „Киненова" наведува дека фестивалот и минатата година не бил поддржан, бидејќи не ги задоволувал критериумите кои филмскиот совет при агенцијата ги земал предвид при разгледувањето на сите пријавени проекти.

Крајно неточно и тенденциозно е мешањето на филмот „Ругање на Христос", бидејќи во повеќе од 20 изјави и интервјуа Агенцијата за филм објасни дека ниту го цензурира филмот, ниту има намера да ги ограничува авторските слободи. Напротив, за филмот беа исплатени средства и сѐ уште се исплаќаат средства и ова е само една крајно некоректна дезинформација за јавноста, стои во реакцијата на Агенцијата за филм.

Агенцијата за филм, како што се посочува, поддржува и ќе продолжи да поддржува исклучително квалитетни, професионални, автентични филмски проекти, фестивали и манифестации во рамките на својот буџет, кој годинава е преполовен.

„Впрочем, огромните резултати и историски успех на македонскиот филм се доказ дека агенцијата е на прав пат во консолидирање на опустошената партиски настроена македонска кинематографија“, стои во реакцијата.

Меѓународниот филмски фестивал „Киненова" денеска реагираше на целосно укинатата финансиска поддршка од Агенцијата за филм која пред неколку дена ги објави резултатите од конкурсот за финансирање фестивали. Организаторите на фестивалот тврдат дека дури и ги надминуваат предвидените критериуми за разлика од некои други фестивали што добиле пари за 2019 година, а кои, како што се посочува во реакцијата, немаат вистинска филмска профилација.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе