„8 Часа љубов” - прв пијано маратон на македонската музичка сцена

Во продукција на Пијано Центре денеска со учество на 13 пијанисти ќе се одржи првиот пијано маратон на македонската музичка сцена насловен „8 Часа љубов”.

ратите од салонот на Пијано Центре во склоп на Национална опера и балет ќе бидат отворени за сите вљубеници во пијанизмот.

Како што најавуваат организаторите, настанот ќе започне во 11 часот со експозе, промоција и презентација на новите пијана во Пијано Центре, а до 19 часот публиката ќе има можност да слушне десет концерти (полу рецитали) на 13 пијанисти.

„Првпат, промотивно на нови концертни пијана, во различни термини маратонски ќе настапат врвните пијанистички имиња: Марија Ѓошевска, динамичното трио „ТРИПТИХ" – Марија Вршкова; Елана Атанасовска – Ивановска и Сара Пројковска; Дино Имери; пијанистичкото дуо: Емилија Маринова  и Верица Шотарова; и Андреј Наунов, како и младите виртуози: Милан Дучевски, Гоце Златев, Инес Неделковска, Горјан Стојановски и Виктор Рафајловски”, најавуваат од Пијано Центре.

Влезот е слободен, но ограничен според протоколите на здравствените власти. 

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе